• петок, 17 април 2026

СДСМ: Се распаѓа ЗНАМ

СДСМ: Се распаѓа ЗНАМ

Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде што се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ - се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:

Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.

Тие се тендер-коалиција - и едните и другите сакаат тендери. 

Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата. 

И едниот и другиот имаат ист газда. 

Нема политика, само приватен бизнис.

Едниот ја издаде партијата, другиот државата. 

И двајцата удираат врз СДСМ - Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“. 

Имаат свои играчи - едниот Богдановиќ, другиот Шилегов. 

Што најмногу ги поврзува - ЛАГА!

Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

ФОТО: Архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан