• понеделник, 25 ноември 2024

СДСМ: Рамо до рамо со граѓаните на Центар, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Рамо до рамо со граѓаните на Центар, Аеродром и Кисела Вода

5 април 2023

СДСМ денеска ја започна големата теренска активност Рамо до рамо до победа, каде заедно со граѓаните претставници на партијата во 946 населени места ќе разговараат за актуелни теми, ќе се даде отчет за сработеното, но и ќе најават следните активности.Во општина Аеродром меѓу граѓаните денеска беа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и членот на ЦО на СДСМ Роберт Беќироски.Пред присутните, потпретседателот Богоев истакна дека СДСМ е секогаш со граѓаните, дека презема навремени и ефикасни мерки што обезбедуваат подобра иднина.-Кога започна глобалната криза некои велеа дека ќе нема струја и парно но ние работевме и успеавме успешно да се справиме. Не само што имаше доволно храна, струја парно туку го помогнавме и стандардот на граѓаните, ги помогнавме компаниите и ранливите граѓани. Реализиравме пакет антикризни мерки вредни 760 милиони евра.  Сега со нови мерки ги намалуваме цените на производите. Се грижиме и го штитиме стандардот на граѓаните. Продолжуваме по вистинскиот пат, рамо до рамо, со граѓаните, се до нова победа за нашата земја, порача Богоев.Членовите на Извршниот одбор на СДСМ Костадин Ацевски и Рената Јајоска беа рамо до рамо со граѓаните на општина Кисела Вода. пред присутните ја истакнаа успешноста на антикризните мерки и растот на минималната плата и пензиите кои обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани, додавајќи дека веќе во септември се очекува нов раст на пензиите со што за само една и пол година пензиите вкупно ќе пораснат за 25 отсто.Претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски и членката на Советот во Град Скопје, Љубица Јанчева пред граѓаните на општина Центар порачаа дека огромна е разликата помеѓу градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.-Тоа се гледа во Центар каде што продолжи напредокот и се реализиран нови проекти во интерес на граѓани. Ама се гледа и во Скопје но и во останатите општини каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, нема ниту нови проекти, нема развој, рече Кичевски додавајќи дека додека СДСМ работи на помош и поддршка на граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза удираат по џебот на граѓаните, преку поскапи комунални услуги.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан