• понеделник, 25 ноември 2024

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Гази Баба, Арачиново и Чучер Сандево, го штитиме стандардот на народот

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Гази Баба, Арачиново и Чучер Сандево, го штитиме стандардот на народот

5 април 2023Општините Гази Баба, Арачиново и Чучер Сандево попладнево беа посетени од тимови на СДСМ, како дел од теренските активности Рамо до рамо, до победа.Во општина Гази Баба заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и членките на ИО на СДСМ Милена Стевановиќ и Ивона Кузмановиќ со граѓаните разговараа за досега реализираните мерки и политики на СДСМ, но и за иднината на државата.-Со СДСМ животниот стандард е заштитен, сегашноста е сигурна, но сигурна и европска е и иднината. Токму СДСМ обезбеди членство во НАТО и токму СДСМ обезбеди почеток на преговорите со ЕУ по 17 години во чекалната и тоа го сторивме со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. Денес ние сме фактор на стабилност во регионот, држава препознаена од странските инвеститори за што сведочи и рекордниот износ на странски инвестиции од 740 милиони евра, порача Лукаревска.Членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска беа меѓу граѓаните на општина Чучер Сандево. Пред присутните, двајцата истакнаа дека СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, особено за земјоделците, додавајќи дека за првпат се воведува авансна исплата на дел од субвенциите.-Водиме искрена грижа за земјоделците, субвенциите се исплаќаат навремено, без селекција, во еден ден, со едно решение до сите земјоделци и што е најважно кога им се најпотребни на земјоделците. За прв пат во историјата на државата жените земјоделки добија можност за надоместок за породилно отуство од 81.000 денари, а работиме и на креирање системско решение за ова прашање, рече Николовски.Во општина Арачиново членката на ЦО на СДСМ Маја Манолева и членот на Градската организација на СДСМ, Коста Начевски пред граѓаните истакнаа дека со СДСМ како никогаш претходно пензиите пораснале за една година, дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес се инвестира во секое населено место со цел да се обезбеди рамномерен развој на сите општини.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан