• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Примерот со Србија каде Бехтел гради со ист закон и договор ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Примерот со Србија каде Бехтел гради со ист закон и договор ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 30 април 2023 

Примерот со Србија каде Бехтел гради со ист закон и договор ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

Хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д е демаскирана.

Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што државните власти вчера пуштија во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

ВМРО-ДПМНЕ е против секој успех и напредок на државата и од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел и Енка, која се базира на лаги и невистини.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување на штета на граѓаните и на државата. 

Центар за комуникации на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: МИА Архива

 

 

Остани поврзан