СДСМ: Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ имаат куп фотогафии со високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ
- Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со денови глуми некаква загриженост за клубот Ванчо Михајлов и националните интереси и се однесува како да не знае што сѐ се случува.
Скопје, 21 април 2022
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со денови глуми некаква загриженост за клубот Ванчо Михајлов и националните интереси и се однесува како да не знае што сѐ се случува.
Основачите на овој клуб имаат куп фотогафии со високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од нив дури носи и брендирана маичка Антонио Милошоски. Токму Милошоски е оној кој македонскиот великан Блаже Конески го навредуваше и го нарекуваше џуџето од Небрегово.
Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се поддржувачите на делото на Ванчо Михајлов.
За време на 11 годишниот режим, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира историјата, за да го девалвира значењето на антифашистичката борба и да направи културен инжинеринг на општеството.
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за заштита на националните и државните интереси.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.