СДСМ: Нема одговор како пет тони дрога поминале преку граница
- Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија, која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан?, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува во интегрална форма.
Скопје, 6 февруари 2026
Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија, која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан?, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува во интегрална форма.
Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царината, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку граница.
СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и Србија.
Власта молчи, исто како што молчи за фотографиите на Мицкоски со криминалецот Симе.
Сега граѓаните гледаат медиумска кампања со заплени на канабис и обиди на власта да дефокусира од главното прашање: кој дозволи 5 тони дрогата да помине преку граница?
Ова е една голема фарса, а доколку станува збор за легален канабис, тогаш може да се отвори и нов проблем.
Кои се фактите?
Законскиот основ за производство на медицински канабис во Македонија го направија ВМРО и Никола Груевски со измени на законот на 9 февруари 2016 година.
Првата лиценца за одгледување медицински канабис во Македонија била издадена во февруари 2017 во време на ВМРО.
Производството на канабис почнало во мај 2017.
Доколку само поради нивната медиумска кампања и сензационализам се запленуваат и легални количини, може да се случи на крај државата да плаќа и отштета.
Затоа ова бркање вештерки во компании е фарса, а истото тоа се случува и во Србија. Целата кампања повторно ја прават по рецептот на Вучиќ - сè е copy-paste.