• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Немало никакви преговори за Коридорот 8, се работело за технички состанок 

СДСМ: Немало никакви преговори за Коридорот 8, се работело за технички состанок 

Скопје, 3 ноември 2024


Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николовски беше слет тунел и најавуваше нова траса.

Одеднаш тунелот прогледа и ќе проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени.

Заплеткан во своите лаги Николовски се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николовски за проектот. 

И повторно, Николовски е фатен во нова лага. Се работело за технички состанок на којшто се прецизирале само технички прашања за доизградба на прекуграничниот тунел Деве Баир. 

Немало ниту прифатени аргументи, ниту измени во планот за градба, ништо.

Ова е уште еден шамар за лагите на Николовски и признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.

Од историски криминал и коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти. 

Очигледно работата на Николовски се сведува на лажање на народот и фалење со проектите на СДСМ, ништо друго.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан