• вторник, 19 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека е против ЕУ

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека е против ЕУ
2 јули 2022 Денеска Христијан Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија. Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ. Денеска Мицкоски дејствуваше заедно со својот коалициски партнер Левица предводена од Димитар Апасиев која е единствената партија со отворена поддршка за руската агресија врз Украина. Лажните вести што синхронизирано се шират овие денови на дело ја потврдија и анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Мицкоски и Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет. Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега. Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации се уште е во тек со сите политички и општествени чинители. СДСМ ————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.              

Остани поврзан