• понеделник, 25 ноември 2024

СДСМ, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа листи за пратеници, рокот завршува на полноќ

СДСМ, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа листи за пратеници, рокот завршува на полноќ

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - До Државната изборна комисија (ДИК) до попладнево се пристигнати листи за пратеници за парламентарните избори од коалицијата предводена од СДСМ, од партијата ЗНАМ, како и од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поднесени се листи за сите шест изборни единици. Листи за изборите поднела и партијата Родина. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечер на полноќ.

 ДИК се очекува во 16 часот да започне седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и за Претседателските (24 април) и за Парламентарните избори (8 мај).  

Во ДИК попладнево беше потпишан Кодекс за фер и демократски избори од страна на претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Билјана Ваковска, Арбен Таравари. Кодексот не го потпиша Стевчо Јакимовски. ев/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан