• петок, 22 ноември 2024

СДСМ во Тетово дискутираше за квалитетот на воздух

СДСМ во Тетово дискутираше за квалитетот на воздух
Тетово, 22 јануари 2020 (МИА) - Програмска трибина на СДСМ „Агенда-Воздух 20-24“ се одржа вечерва во Тетово, како дел од 11 вакви средби со граѓаните кои ги најави партијата. На оваа трибина говореа Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Аријанит Џафери од Еко Герила, Каја Шукова, претседател на Комисијата за животна средина, професорот  Дејан Мираковски, од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и Коста Петров, потпретседател на СДСМ. - Имаме добри закони само имплементацијата е многу лоша, а средства нема никакви. Голем проблем е што не се алоцираат средства со изговор дека нема пари, а се даваат за казни. Другото е важно е културата не неказнивост да престане, треба луѓето и функционерите да сносат одговорност пред лицето на правдата поради смртните случаи како и  поради заболување на децата, бремени жени и стари лица. Повеќе се работи на хартија, имплементација на терен останува иста последните 10 или 15 години. Треба да се раздвижат работите, не заради ЕУ што бара туку  поради здравјето на нашите граѓаните и нашите животи, изјави Аријанит Џафери од невладината организација Еко Герила. На прашањето за неказнивост заменик министерот за животна средина и просторно планирање Макрадули, истакна дека мораме во зимскиот, па не и само во зимскиот период да имаме 24 часовен инспекторат. - Тоа е нешто што очигледно додека ги промените навиките, тоа да треба да го направиме со закон или со казни или со подигнување свест. Очигледно со кампањите тоа е тешко,  треба уште да се направи. Тоа мора да биде, рече Макрадули. Заменик министерот истакна дека параметрите на загаден воздух во 2019 година се намалени, но и оти тоа не треба да ја задоволи јавноста, туку да охрабри уште поголемо подобрување. - Факт е дека јавни институции се загреваат на нееколошки начин, тие се мапирани, наша обврска што ја преземаме до крајот на мандатот е да нема да има јавна институција што ќе го загадува воздухот. Во рамки на планот за чист воздух тенденцијата е справување со извори на загадување бидејќи не постои друг начин, рече Макрадули. Панелистите на трибината потоа и одговараа на прашања на присутните. Во другите градови ќе следуваат средби на другите теми. ас/оџ    

Остани поврзан