• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 26 февруари 2022 Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието. Токму овој закон со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија. СДСМ преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакна економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната. Има драстично покачување на платите, обезбедивме надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано ги подобруваме условите за работа. Продолжуваме да се грижите за војниците, ќе сториме се за да ги надминеме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и потребните измени на Законот за служба во Армијата кои со нетрпение ги очекуваат сите припадници на Армијата. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан