• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски - партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари

СДСМ: Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски - партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари

Скопје, 22 октомври 2024 

Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Коалицискиот партнер Таравари ја потврдува во целост опасната партизација на АНБ.

Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ.

Мицкоски го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото.

Затоа по секоја цена се турка партиски кадар - претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција.

Бојан Христовски во едно интревју самиот призна дека нема безбедносен сертификат „Државна тајна“ а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција.

Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година.

Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање.

Ова се премногу спорни работи за вака важна позиција.

Затоа Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.

Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ

_________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан