• понеделник, 23 декември 2024

СВР-Битола на 1 и 2 август  со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево

СВР-Битола на 1 и 2 август  со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево

Битола, 31 јули 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 1. и 2. август, поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден, во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

СВР Битола ќе воведе посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 1 август година кои ќе важат до 2 август, до 22.00 часот.

Сообраќајниот режим ќе се спроведува на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница Крушево – место викано „Слива“, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по патните правци во временски период кога се одвива посебен режим на сообраќај.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан