Свечено запалена новогодишната елка во Македонска Каменица
- Со свечено пуштање на новогодишната елка и празнично украсениот плоштад, вечерва во Македонска Каменица официјално започна новогодишното празнување. Настанот собра голем број граѓани кои заеднички ја одбројуваа симболичната најава на празничната магија.
Македонска Каменица, 22 декември 2025 (МИА) - Со свечено пуштање на новогодишната елка и празнично украсениот плоштад, вечерва во Македонска Каменица официјално започна новогодишното празнување. Настанот собра голем број граѓани кои заеднички ја одбројуваа симболичната најава на празничната магија.
Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во своето обраќање упати пораки за заедништво, радост и позитивна енергија, посакувајќи среќа и здравје во домовите на сите граѓани.
-Да го започнеме новогодишното празнување заеднички, да донесеме радост и среќа во нашите домови и во нашата општина, истакна Стаменкова, повикувајќи ги присутните заедно да одбројуваат до моментот на запалување на елката.
Новогодишната програма во Македонска Каменица ќе трае од 25 до 31 декември, а кулминацијата на прославата ќе биде дочекот на Новата година со настап на македонската музичка ѕвезда Антонија Гиговска.
Градоначалничката на крајот упати новогодишна честитка до сите граѓани, посакувајќи им здравје, среќа и верба во новата година. вс/са/
Фото: МИА