• сабота, 29 јуни 2024

Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април

Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април. Како што соопшти организаторот -  Демократски сили на Ромите, ќе биде претставен досегашниот постигнат напредок на Ромите во земјава. На академијата поканет е државниот врв, претставници од локалната власт, а ќе присуствуваат амбасадорот на Индија назначен во Софија и министерот за надворешни работи од Индија, пратеници Роми од Србија и Хрватска... Минатата година се навршија 50 години од одржувањето на првиот ромски конгрес, кој поради пандемијата со КОВИД-19 не се одбележа соодветно. По повод Меѓународниот ден на Ромите, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени општи препораки донесени од КСЗД, кои се однесуваат на различни облици на дискриминација на Ромите. мд/лв/   . 

Остани поврзан