• петок, 28 јуни 2024

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Њујорк, 14 мај 2024 (МИА) - Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан