• петок, 20 декември 2024

Светскиот економски форум ги замрзна односите со Русија

Светскиот економски форум ги замрзна односите со Русија
Женева, 11 март 2022 (МИА) - Светскиот економски форум, кој организира бројни средби на кои учествуваат бизнисмени, амбасадори, претседатели и премиери на држави од целиот свет, одлучи да ги замрзне сите односи со Русија поради нападот на земјата врз Украина, јавува Анадолија. Во соопштението на СЕФ со седиште во Швајцарија се вели дека е донесена одлука со која му се забранува на рускиот претседател Владимир Путин да учествува во сите активности на форумот. „Нема да имаме односи со никого кој е санкциониран и ги замрзнавме односите со руските субјекти“, изјави портпаролката на СЕФ Аманда Русо за Политико. Путин и поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев пет пати беа учесници на самитот на СЕФ од 2007 до 2021 година. ссм/

Остани поврзан