• понеделник, 23 декември 2024

Светскиот ден на планината ќе се одбележи на Плачковица

Светскиот ден на планината ќе се одбележи на Плачковица

Штип, 9 декември 2023 (МИА) - Федерацијата на планинарски спортови на Македонија годинава Светскиот ден на планината 11 декември  ќе го одбележи на планината Плачковица во планинарскиот дом „Вртешка“, а домаќин на манифестацијата е ДПС „Лисец“-Штип.

Претседателот на Федерација на планинарски спортови на Македонија, Зоран Читкушев, изјави дека утре ќе се одржи акција насловена  „Плачковица 2023“. Планинари, љубители на планината и природата може да бидат дел од насатанот кој ќе се реализира на планината Плачковица. Воедно се одебележува и јубилеј 90 години од првата планинарска активност во Македонија.

-Оваа година освен јубилејот одбележување на 11 декември – Денот на планината, Федерацијата на планинарски спортови одбележува и 75 години од нејзиното формирање и 90 години од одржувањето на првата планинарска активност во Македонија, рече Читкушев.

Претседателот на ДПС „Лисец“, Александар Санев, изјави дека интензивните подготовки се во тек, очекуваат над 200 гости од земјава и од странство, а ги повикува и сите љубители на природата и планинари од целиот Балкан да бидат дел од акцијата во недела.

-Ние сме во интезивна организација, скоро секој ден сме со собири и состаноци и се во организацијата е веќе како што треба. Очекуваме голем број на посетители, планинари и рекреативци од цела Македонија,  дури има најави за гости од Србија и Бугарија, рече Санев.

Настанот е закажан за утре (10 декември) во осум часот од местото викано „Билборди“ до врвовите Туртел и Црквиште, а потоа и заедничка забава со доделување на признанија и награди во планинарскиот дом „Вртешка“. вдј/хс/

Фото: ДПС „Лисец“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан