• недела, 22 декември 2024

Светската банка објави план за поддршка на земјите во обезбедување квалитетни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година

Светската банка објави план за поддршка на земјите во обезбедување квалитетни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година

Вaшингтон, 19 април 2024 (МИА) - Групацијата на Светската банка објави амбициозен план за поддршка на земјите во обезбедувањето квалитетни, достапни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година.

Планот беше претставен на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, што се одржува од 15 до 20 април во Вашингтон.

Тој план е дел од пошироките глобални напори да се обезбеди основен стандард на грижа во текот на секоја фаза од животот на една личност, тоа е во раното детство, детството, адолесценцијата и зрелоста, објавено е на веб-страницата на Светската банка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан