• понеделник, 23 декември 2024

Светиот синод на ГПЦ: Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците

Светиот синод на ГПЦ: Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците
Атина, 8 август 2020 (МИА) – Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко, соопштуваат од Светиот синод на Грчката православна црква, повикувајќи се на нивните одлуки од 28 јули испратени преку циркуларно писмо, јави дописничката на МИА од Атина. Објаснуваат дека конкретната препорака за одржување растојание и избегнување гужви е согласно со законската рамка за собири на отворено и додаваат дека ГПЦ продолжува да ја задржува истата одговорна позиција како кон свештенството така и кон верниците. Од друга страна, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција вчера соопштија дека „по препораката од Светиот Синод на Грчката православна црква, во следниот период се откажуваа сите литии“. По зголемениот број заразени со Ковид-19 во Грција, вниманието е насочено кон големиот христијански празник Пресвета Богородица, на 15 август што се слави со литии и собири во сите делови на државата. ср/  

Остани поврзан