• понеделник, 23 декември 2024

Сајмон Харис избран за лидер на владејачката партија и предложен за нов премиер на Ирска

Сајмон Харис избран за лидер на владејачката партија и предложен за нов премиер на Ирска

Даблин, 24 март 2024 (МИА) - Сајмон Харис денеска е избран за лидер на ирската централно-десничарска партија „Фин Гаел“, што му го отвори патот да стане најмладиот премиер во Ирска на 37-годишна возраст.

Харис беше единствениот кандидат да ја води партијата и да го наследи Лео Варадкар, кој неодамна поднесе оставка, на изненадување на сите, како партиски лидер и премиер.

Партијата Фин Гаел и нејзините коалициски партнери го формираат мнозинството во ирскиот Парламент.

Харис ќе може да стане премиер на 9 април кога е закажана следната седница на Парламентот.

Тој беше министер за високо образование во владата предводена од Варадкар. паг/

Фото: ЕПА



 

Остани поврзан