• недела, 22 декември 2024

Сашко Насев ќе ја претстави својата книга „Средби со ѓаволот“ во Меѓународната куќа Канети во Русе

Сашко Насев ќе ја претстави својата книга „Средби со ѓаволот“ во Меѓународната куќа Канети во Русе
Софија, 3 октомври 2022 (МИА) - Во меѓународната куќа Канети во градот Русе, лоцирана на брегот на реката Дунав во Бугарија, вечер ќе биде претставена книгата „Средби со ѓаволот“ од македонскиот писател Сашко Насев, јави дописникот на МИА од Софија. Овој настан во Русе е етаблиран како еден од најпознатите настани за домашната и меѓународната јавност во Бугарија. Фестивалот ги претставува најактуелните аспекти на меѓународната и локалната литература и уметност. Во 2022 година се одржува 15-тото јубилејно издание на фестивалот „Здивот на Европа“ - паралелни, можни и невозможни светови во модерната реалност. Куќата на Канети му припаѓа на австрискиот писател и нобеловец Елиас Канети. Македонскиот писател Сашко Насев е професор по драма и сценарио во Скопје. Дипломирал книжевност и драма и магистрирал германска филозофија, а докторирал американска филозофија. Неговите драми и литература се преведени на 12 јазици, а негови драми се поставувани во македонски и странски театри. Автор е на сценарија за играни и документарни филмови и четири телевизиски серии. Добитник е на меѓународни награди. Тој е директор на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија. „Средби со ѓаволот“ е неговата прва книга објавена на бугарски јазик во 2021 година. Станува збор за модерна, балканска верзија на мотивот „продај ја својата душа на ѓаволот“ во духот на „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков. Романот на Сашко Насев успешно се вклопува во традицијата на урбаниот магичен реализам. нк/вг/

Остани поврзан