• понеделник, 23 декември 2024

Сафади: Нетанјаху мора да се соочи со реални последици

Сафади: Нетанјаху мора да се соочи со реални последици

Аман, 7 мај 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да се соочи со вистински последици, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади и побара „итна и силна акција“ од Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој на социјалната мрежа Икс апелираше да се „спречи уште еден масакр“ во Рафа.

Сафади предупреди дека израелската влада го зазеде преминот Рафах и го затвори за хуманитарна помош за гладното население во Појасот Газа „наместо да им даде шанса на преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците“.

Претходно денеска Сафади го обвини Нетанјаху дека го загрозува постигнувањето на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас со бомбардирањето на градот Рафа на југот на Појасот Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан