• понеделник, 23 декември 2024

Саутгејт: Македонците ја изненадија Италија која се уште е под емоции од ЕП

Саутгејт: Македонците ја изненадија Италија која се уште е под емоции од ЕП
Лондон, 26 март 2022 (МИА) – Селекторот на Англија, Герет Саутгејт даде свое видување за елиминацијата на Италија од баражот за Светското првенство. Италија пред два дена загуби од Македонија со 0:1 во Палермо. - Елиминацијата на Италија е големо изненадување. Очигледно, репрезентациите имаат свои циклуси. Или на Италијанците им дојде крајот на циклусот, или тоа се последиците од Европското првенство 2020, финалето, емоциите итн. Нашите играчи завршија одлична работа со тоа. Да се ​​опоравиш од емоциите по финалето, а потоа да настапиш како што настапивме е фантастично. Ми се чини дека настапите на квалификациските турнири секогаш се потценети, изјави Саутгејт за „Sky Sports“. Англија во финалето на ЕП 2020 кое се одржа мината година загуби токму од Италија. Македонската репрезентација на 29 март ќе игра со Португалија во дуелот за пласман на Мундијалот што оваа година ќе се игра во Катар. зс/

Остани поврзан