• недела, 22 декември 2024

Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата

Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата

Лондон, 21 септември 2024 (МИА) - Евролигата има намера да продаде малцински удел во бизнисот.

Како што објави „The Financial Times“, инвестицискиот фонд „SURJ Sports Investment“,сака да купи дел од најпрестижниот кошаркарски клупски турнир во Европа.

Малцинскиот удел во Евролигата се проценува на приближно една милијарда евра.

„EuroLeague Commercial Assets“ очекува да продаде приближно една третина од целиот свој бизнис, кој ги вклучува и Евролигата и Еврокупот. 

Конкурент на „SURJ Sports Investment“ во овој процес е британската инвестициска фирма BC Partners.

Преговорите се во напредна фаза, но се уште не е постигнат договор.

Преку своите компании, инвеститорите од Саудиска Арабија претходно купија мнозински удел во фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед и ја создаде ЛИВ голф лигата. Фондот се обрати и до тениските АТП и ВТА со понуда за купување на целата турнеја. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан