• петок, 22 ноември 2024

Саудискиот принц: Украинскиот мировен процес бара тежок компромис

Саудискиот принц: Украинскиот мировен процес бара тежок компромис

Бургеншток, 15 јуни 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, рече дека за какви било веродостојни мировни преговори за војната во Украина ќе биде потребно руско учество и ќе вклучи „тежок компромис“.

Говорејќи на конференцијата во Швајцарија со цел да се отвори патот за мировниот процес, министерот рече дека Саудиска Арабија е посветена да помогне да се стави крај на конфликтот.

-Сметаме дека е важно меѓународната заедница да го охрабри секое движење кон сериозни преговори кои ќе бараат тежок компромис како дел од патот кон мирот, рече принцот.

Саудиска Арабија се смета за еден од водечките кандидати за земја домаќин на конференцијата, која треба да се одржи како продолжение на собирот на десетици светски лидери викендов во Швајцарија. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан