Саудискиот министер за одбрана и Трамп разговараа за деескалација на тензиите со Иран
- Саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за деескалација на тензиите со Иран, објави Фокс њуз.
Вашингтон, 4 јули 2025 (МИА) - Саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за деескалација на тензиите со Иран, објави Фокс њуз.
Разговорите го покренаа прашањето за продолжување на преговорите за нуклеарната програма на Иран. Исто така, беше разговарано за можноста за прекин на непријателствата во Појасот Газа и ослободување на заложниците на Хамас.
Целта на тајниот состанок не беше поврзана со нормализирање на односите на Ријад со Израел, но двете страни разговараа за потребните чекори за тоа.
По средбата со Трамп, саудискиот министер за одбрана оствари телефонски разговор со началникот на Генералштабот на иранската армија, објави изданието Аскиос на социјалната мрежа „X“. мс/
фото: ЕПА