Саудиска Арабија може да достави заедничка кандидатура со Италија за организација на Светското првенство 2030
- Саудиска Арабија размислува да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година. Најголемата држава на Арапскиот полуостров планира да поднесе заедничка апликација со друга земја,
Ријад, 16 јули 2021 (МИА) - Саудиска Арабија размислува да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година. Најголемата држава на Арапскиот полуостров планира да поднесе заедничка апликација со друга земја, а Италија може да стане партнер на Саудиска Арабија, според „The Athletic“.
Консултантска компанија со седиште во САД, „Бостон Консалтинг Груп“ и помага на Саудиска Арабија и нуди различни опции за партнерство. Една од нив е заедничка апликација со Египет и Мароко.
Сепак, оваа опција е малку веројатно поради загриженост поврзана со комерцијалниот успех на турнирот, влијанието врз економиите на земјите и безбедноста на турнирот.
Затоа, европскиот партнер изгледа како попрофитабилно решение за Саудиска Арабија, а Италија е најверојатен кандидат. Воспоставени се деловни, дипломатски и спортски односи меѓу двете земји.
Во јануари 2022 година, Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Суперкупот на Италија.
Претходно стана познато дека Велика Британија и Ирска, како и Шпанија и Португалија планираат да достават заеднички апликации за организација на Мундијалот 2030. зс/