• сабота, 21 декември 2024

Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоашто „промовирале хомосексуалност“

Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоашто „промовирале хомосексуалност“
Ријад, 15 јуни 2022 година (МИА) - Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во бои на виножито под изговор дека преку нив се за „поттикнува хомосексуалноста“.   Телевизијата Ал Екбарија објави дека тамошното Министерство за трговија од продавниците во Ријад повлекува повеќе артикли, вклучително и штипки за коса, маици, капи и футроли за моливи. Еден функционер рече дека предметите се „против исламот и јавниот морал и на младите им промовираат хомосексуални бои“.

Министерството за трговија на Твитер објави дека конфискува „производи кои содржат девијантни симболи и знаци и се во спротивност со здравиот разум“, објави Би-Би-Си. Продавницитекои ќе одлучат да ги продаваат производите во боите на виножитото ќе бидат казнети. ссм/

Остани поврзан