• вторник, 05 ноември 2024

САСА за Денот на рударите и годинава парично ќе награди над 760 вработени во компанијата

САСА за Денот на рударите и годинава парично ќе награди над 760 вработени во компанијата

Македонска Каменица, 26 август 2023 (МИА) - Традиционално и оваа година во пресрет на 28 Август - Денот на рударите, рудникот САСА, за своите над 760 вработени обезбеди парични награди и пригодни подароци. Дополнително, вкупно 122 вработени, меѓу кои најдобриот рудар во САСА за изминатата година, како и оние што дале особен придонес за безбедноста и здравјето при работа и за остварување на безбедно и стабилно производство, добија и дополнителни парични награди, подароци и признанија. 

Честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА, како и на вработените во целокупната домашна рударска   индустрија, генералниот директор на  САСА, Кристофер  Колбурн, изјави дека компанијата е горда со сѐ што нејзиниот тим има направено во изминатиот период, особено во делот на безбедноста и благосостојбата на вработените, кои за компанијата биле и ќе  останат највисок приоритет и постојана  грижа. 

- Со големи залагања од сите и   континуираната  поддршка што ја   добиваме   од Централ Азија Металс, САСА и во следниот период ќе продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи  благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница ипридонесувајќи за просперитетот на земјата. Од клучно значење за ваквиот одржлив развој се новите капитални проекти, вредни над 40 милиони долари, во чија реализација бележиме значаеннапредок, а кои ќе обезбедат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА и во годините што следуваат, истакна Колбурн. 

Оваа година, како дел од својата континуирана грижа и поддршка за заедницата, САСА одлучи да ги откаже сите интерни свечености поврзани со прославата на Денот на рударите, а планираните средства за нивната организација да ги пренамени во проект за зголемување на безбедноста во сообраќајот во локалната заедница. 

Заради осмислување и реализација на овој проект, САСА во следниот период како што информираа од компанијата ќе воспостави комуникација и соработка со надлежни домашни институции и организации од оваа област. Ваквата одлука на САСА следува по зачестените сообраќајни несреќи со трагични последици кои во последно време се случуваат во овој регион од земјата. Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник. 

Од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија која котира на Лондонскатаберза (AIM: CAML). Од влезот на Централ Азија Металс до сега во САСА се инвестирани околу 60 милиони долари, во нова рударска опрема, во модернизација и  дигитализација на технолошкитепроцеси, во безбедноста, стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниотразвој и едукација  на вработените.  

Преку  својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува и повеќе од 400.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница, како што се: образованието, науката, животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи. вс/сх/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан