• петок, 22 ноември 2024

Сари во Лацио до 2025

Сари во Лацио до 2025
Рим, 27 мај 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалски тренер Маурицио Сари постигна договор со Лацио да остане на клупата на римскиот прволигаш до крајот на сезоната 2024/25, јавија денеска локалните медиуми. Според истите извори, годишната плата на Сари ќе изнесува 3.5 милиони евра. Сари во својата прва сезона на клупата на Лацио го освои петтото место и му донесе на клубот настап во УЕФА Лига Европа. Сари претходно беше тренер на Наполи, Челзи и Јувентус. Со Челзи ја освои Лига Европа, а со Јувентус титулата во Италија, но доби отказ по само една сезона поради рана елиминација во Лигата на шампиони. ег/паг/

Остани поврзан