• сабота, 21 декември 2024

Санчез: Простувањето е посилно од незадоволството

Санчез: Простувањето е посилно од незадоволството

Мадрид, 30 мај 2024 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го поздрави усвојувањето на контроверзниот Закон за амнестија во парламентот, нагласувајќи дека „простувањето“ е помоќно од држењето лутина поради неуспешната кандидатура за независност на Каталонија во 2017 година.

„Во политиката, како и во животот, простувањето е посилно од незадоволството“, напиша тој на X, во врска со законот што бара да се повлече линија на долгогодишните напори да се гонат оние кои се вклучени во обидот за отцепување, што ја предизвика најтешката политичка криза во Шпанија во изминатите децении.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан