• понеделник, 23 декември 2024

Сантош: И за нас, како и за Македонците, ова е натпревар на нашите животи

Сантош: И за нас, како и за Македонците, ова е натпревар на нашите животи

Порто, 28 март 2022 (МИА) – Португалскиот селектор Фернандо Сантош најави дека неговиот тим ќе стори сè што е потребно утревечер да ја совлада македонската репрезентација и да обезбеди настап на Светското првенство

- Дали за македонските играчи ова е натпревар на нивните животи? И за нас, исто така, ова е натпревар на нашите животи, изјави Сантош во разговор со португалските новинари.

Сантош најави дека Португалија ќе ѝ возврати на македонската репрезентација на стадионот „Драгао“ со подеднаква агресивност и мотивираност.

- Мораме да одговориме со иста посветеност, агресивност, дух и желба, порача Сантош, пред утрешното финале од мундијалскиот бараж во Порто со почеток од 20:45 часот. ег/ар/

Остани поврзан