• вторник, 05 ноември 2024

Сантош за поразот од Чешка: Ништо добро не и се случи на полскиот тим

Сантош за поразот од Чешка: Ништо добро не и се случи на полскиот тим

Прага, 25 март 2023 (МИА) - Селекторот на Полска, Фернандо Сантош ги сумираше впечатоците од квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 против Чешка.

 

Полјаците синоќа во Прага загубија со 3:1, а првите два гола ги примија по само три минути игра.

 

- Денес не направивме ништо добро и не зборувам само за лошиот почето, туку за целиот натпревар. Знаевме дека Чесите почнуваат добро, но сепак не успеавме да се снајдеме. Кога немавме топка, Чесите не притискаа со нивниот типичен стил, многу агресивни контра-напади, брзо преминувајќи од одбрана во напад. Треба брзо да ја анализираме нашата игра бидејќи ни претстои многу важен натпревар против Албанија. Чувствувам разочарување и тага, а тоа не се само мои чувства, туку и чувства на играчите. Мора да има рамнотежа помеѓу одбраната и нападот. Треба да работиме и на нашиот менталитет, како да одговориме на ситуации како онаа што се случи синоќа, изјави Сантош.

 

Во следниот натпревар Полска ќе игра со Албанија на 27 март, додека Чешка истиот ден ќе се сретне со Молдавија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан