• недела, 22 декември 2024

Санкционирани 72 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Санкционирани 72 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола, денеска во период од 14 до 20 часот продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот, при што изречени се 72 санкции за непочитување на брзината на движење, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 25 мерки се изречени во Битола, 11 во Прилеп, 19 на подрачје на Ресен, 12 санкции на подрачје на Македонски Брод, три - Крушево и две санкции - Демир Хисар.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од МВР. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан