• недела, 11 август 2024

Санкционирани 49 возачи во населба Ченто во Скопје

Санкционирани 49 возачи во населба Ченто во Скопје
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје, при што санкционирани се 49 возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола, три за користење мобилен телефон. Како што информира МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот. вг/

Остани поврзан