• сабота, 29 јуни 2024

Санкционирани 34 мотоциклисти во Скопје

Санкционирани 34 мотоциклисти во Скопје
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) - Во денеска спроведена зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, санкционирани се 34 возачи. Како што соопшти МВР, при тоа од казнетите возачи 12 не користеле заштитна кацига за време на возење, двајца возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР. вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан