• вторник, 26 ноември 2024

Санкционирани 239 возачи во Скопје, 113 за брзо возење

Санкционирани 239 возачи во Скопје, 113 за брзо возење

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Вкупно 239 возачи, меѓу кои  113 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, и 15 за управување под дејство на алкохол се казнети во контролата во областа на сообраќајот што вчера ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на град Скопје.

Во текот на контролата, како што информира МВР, изречени се и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за минување на црвено светло на семафор, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас,....

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан