• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 17 возачи во Битола

Санкционирани 17 возачи во Битола
Битола, 5 август 2022 (МИА) - Полицијата во Битола попладнево од 15 до 20 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 17 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи. ки/бак/

Остани поврзан