• четврток, 19 декември 2024

Санкционирани 155 пијани возачи

Санкционирани 155 пијани возачи
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 22 часот до 4 часот изутрината спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 155 возачи. Од нив, како што посочуваат од МВР, 27 возачи на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Скопје... Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. рп/  

Остани поврзан