Санкционирани 117 лица за брзо возење во Битола
- Во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска во периодот од 13 до 19 часот на територијата на СВР Битола изречени се 117 санкции.
Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска во периодот од 13 до 19 часот на територијата на СВР Битола изречени се 117 санкции.
Како што информираат од МВР, од нив, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
- Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР. свс/