Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, како што истакнуваат, неопходна е поголема сообраќајна култура.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од 25 ноември до вчера, со помош на специјалните возила „пајак“, отстранија 212 непрописно паркирани возила. Тие го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, потенцираат денеска од претпријатието.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, како што истакнуваат, неопходна е поголема сообраќајна култура.
- Затоа ЈП „ПОЦ“ и СВР - Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од претпријатието. бд/дма/
Фото: Јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“