• понеделник, 23 декември 2024

Санкциите против Русија ги засегнаа и мачките

Санкциите против Русија ги засегнаа и мачките
Париз, 3 март 2022 (МИА) - Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (Fédération Internationale Féline - ФИФЕ) го забрани натпреварувањето на саемите на мачки за руските сопственици поради воените напади на Русија врз Украина. Одлуката за „суспендирање“ на руските мачки беше објавена оваа седмица. „Одборот директори на ФИФЕ е шокиран и ужаснат од руската инвазија на Украина и војната. Не можеме само да бидеме сведоци и да не направиме ништо“, соопшти ФИФЕ. Поради оваа одлука, мачките на Русите не можат да учествуваат на натпреварите на ФИФЕ, а забранет е и увоз и регистрација на мачки одгледани во Русија. Санкциите ќе траат најмалку до мај, а може да бидат и продолжени, во зависност од состојбата во Украина. ФИФЕ ќе искористи и дел од својот буџет за да им помогне на одгледувачите и љубителите на мачки во Украина. ФИФЕ има 39 земји-членки во Европа, Јужна Африка и Азија и е дел од Светскиот конгрес за мачки. Меѓународните санкции против Русија се проширија многу подалеку од економијата и сега ги засегаат и спортисти, музичари и други јавни личности.  си/сд/

Остани поврзан