• понеделник, 23 декември 2024

Саниран дефектот на тетовскиот водовод

Саниран дефектот на тетовскиот водовод

Тетово, 15 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека денеска е саниран дефектот на новиот водоснабдителен систем, а поради кој од 8 јануари беа воведени и пет часовни рестрикции во водоснабдувањето.

Пукнатата цевка беше лоцирана 12,5 од пречистителната станица во правец кон Лешница, а вработените мораа да поминаат делница од километар и половина пеш. Тие работеа на место со висока снежна покривка и со ерозија на земја.

-По неколкудневен дефект денеска екипа на Јавно комунално претпријатие ја заврши поправката на цевката и сега водата штотуку почна да стигнува до куќите на граѓаните.  Им благодарам на вработените во ЈКП кои воопшто не престанаа да работат и на екстремно ниски температури. Се надеваме дека ваквите дефекти нема да се повторат. Исто така им благодариме на граѓаните на Тетово за трпението и разбирањето, истакна Биљал Касами.

Додека траеја рестрикциите граѓаните алармираа дека се соочуваат не само со пет часовните рестрикции туку и по целодневни прекини во водоснабдувањето. За овие десет дена, од 5 јануари досега тетовци се соочија со два дефекти и рестрикции во водоснабдувањето.

За нормално водоснабдување во Тетово потребни се 300 литри вода во секунда.ас/бт/

Остани поврзан