• сабота, 02 ноември 2024

Сане ќе го пропушти натпреварот со Јапонија поради повреда

Сане ќе го пропушти натпреварот со Јапонија поради повреда
Доха, 22 ноември 2022 (МИА) - Напаѓачот на германската репрезентација и Баерн Минхен, Лерој Сане ќе го пропушти првиот натпревар на „панцирите“ Светското првенство во 2022 година. Германците ќе играат против Јапонија утре на 23 ноември во Доха. Крилниот напаѓач нема да може да игра поради повреда на коленото. Во средината на октомври, на 26-годишен Германец му била дијагностицирана повреда на тетивата, по која Сане пропушти околу 3 недели. Не е познато колку ќе трае целосното закрепнување од сегашната повреда. зс/

Остани поврзан