• сабота, 23 ноември 2024

Сандра Булок се омажи по вторпат, на тајна, скромна свеченост

Сандра Булок се омажи по вторпат, на тајна, скромна свеченост
Лос Анџелес, 11 јуни 2020 (МИА) - Сандра Булок тајно се венчала со своето момче, холивудскиот фотограф Брајан Рендл (54), а свадбата се одржала на нивниот имот во Калифорнија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, тоа било скромна прослава, само со нивните најблиски роднини и пријатели. Децата на Булок - деветгодишниот Луис и неговата помала сестричка Лајма, биле деверчиња. Глумицата и нејзиниот една година помлад избраник се заедно од 2015 година. Таа претходно беше во брак со телевизикиот водителт Џеси Џејмс, но се разведоа по пет години брак, наводно, поради неговите неверства. Богатството на Булок надминува 150 милиони долари. Таа неколкупати има дарувано по милион долари на американскиот Црвен крст. Сандра и Брајан се сретнале на роденденската забава за нејзиниот син.  си/ми/

Остани поврзан