• сабота, 23 ноември 2024

Сандра Булок го прослави 56. роденден во одбрано, познато друштво

Сандра Булок го прослави 56. роденден во одбрано, познато друштво
Лос Анџелес, 5 август 2020 (МИА) - Сандра Булок го прослави својот 56. роденден. И, иако тоа беше еден вид „бал“ под маски за заштита од коронавирусот, сепак, обожавателите можеа да ги препознаат нејзините познати пријателки: глумиците Џенифер Анистон, Сара Полсон и Холанд Тејлор. Сандра Булок и Џенифер Анистон се долгогодишни пријателки, а интересно е тоа дека се запознале преку глумецот Тејт Донован, со кого и двете, во 1990-тите, излегувале. - Се чини, тој има посебен тип на жени со кои излегува - талентирани, интересни, прекрасни..., изјави Анистон во една прилика. Пријателството на Булок и Анистон важи за едно од најцврстите и најпознатите во Холивуд.  си/паг/

Остани поврзан