Санација на клупите во централното подрачје
- По налог на Град Скопје, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ врши санација на клупите во централното градско подрачје.
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - По налог на Град Скопје, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ врши санација на клупите во централното градско подрачје.
Како што информира „Паркови и зеленило“, екипите вршат бојадисување и по потреба ги прицврстуваат клупите поставени во централното градско подрачје, како и на кејот на реката Вардар, на горната и долната патека.
Во текот на наредната недела на скалите на кејот пред Камени мост ќе бидат поставени комплетно нови талпи за седење.
Од претпријатието апелираат да не се оштетува урбаната опрема поставена во корист на сите граѓани. мд/