• вторник, 03 февруари 2026

Сали - Фотиу: Кипар останува поддржувач на европската интеграција на земјата

Сали - Фотиу: Кипар останува поддржувач на европската интеграција на земјата

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба со амбасадорот на Република Кипар за Северна Македонија, Андреас Фотиу, на која биле разменети мислења за текот на процесот на европската интеграција, билатералните односи меѓу двете земји, како и за спроведувањето на реформската агенда во согласност со предвидената динамика.

На средбата што се одржа во просториите на Министерството за европски прашања, како што соопшти МЕП, министерот Сали му упатил честитки на амбасадорот Фотиу за претседавањето со Европската Унија од страна на Република Кипар нагласувајќи ја важноста на оваа улога за унапредување на европските политики и зајакнување на регионалната соработка. Тој изразил благодарност за континуираната поддршка од страна на Кипар во процесот на европска интеграција на земјата.

Амбасадорот Фотиу го поздравил институционалниот ангажман во спроведувањето на реформите и ја потврдил подготвеноста на Република Кипар да продолжи со поддршката на патот кон Европската Унија. дма/вг/

Фото: Министерство за европски прашања

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан