• петок, 20 декември 2024

Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата

Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) - Сè уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“.

Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од ресорите што целат да ги раководат.

Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, ќе завршат до денеска. мс/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан